Милевски: Тешко ми е да зборувам за трагедијата, но мораме да се концетрираме на фудбал

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски и капитенот на националниот тим Енис Барди, најпрво искажаа сочувство за трагично загинатите во несреќата во Кочани.

„Најпрво би сакал да изразам сочувство. Тешко ми е да зборувам за тоа, и мислам нашата концетрација да биде на фудбалски прашања. Многу е тежок моментот за било што“, рече Милевски.

„И јас би сакал да изразам сочувство до семејствата и пријателите. Животот е мистерија, никогаш не знаеме што ќе се случи, затоа треба да живееме додека сме живи и здрави, да помогнеме секому, и во таа мала држава која ја имаме да даваме повеќе љубов“, изјави Барди.

Се вчитува...