Македонската фудбалска репрезентација утре во 15:00 часот во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“ ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Ерменија.
Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција во Струмица, кажа дека за дуелот со Ерменија шанса ќе добијат оние кои ќе треба да го потврдат потенцијалот во националнот тим. Милевски напомена дека после исцрпувачкиот меч во Прага, во селекцијата ќе има соодветни промени.
„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија.“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА