Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски најави дека младите фудбалери слично, полни верба во себе и носени од колективот, ќе настапат и на утрешниот втор дуел на Европското првенство против Србија.
Првиот меч со Шпанија е заборавен, а комплетно мислите се насочуваат во желбата за успех на дуелот со Србите…
„Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија… По поразот од Шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз несомнено носи горчлив вкус“ – рече Милевски на денешната прес-конференција во Бидгошч, и дополни:
„Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија“.
Натпреварот меѓу Македонија и Србија се игра во Бидгошч утре од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА