Милевски: Вакви селекции како Италија даваат дополнителен мотив

Македонија утре ја очекува четвртиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година против Италија. Репрезентацијата досега забележа една победа над Малта, и два порази од Украина и од Англија.

Селекторот Благоја Милевски кажа дека селекции како против Италија секогаш даваат дополнителен мотив.

„Кога играте против репрезентација како Италија, нема никогаш страв, туку има дополнителен мотив. Играта против Украина беше феноменална во поголемиот дел од натпреварот, но загубивме. Тоа е зад нас, сега е на ред Италија, со нов селектор кој покажа дека е вистинско решение што го покажа во клубот кој го водеше. Ќе биде за нас добар натпревар, и се надевам на добра игра од наша страна. Пред се треба да бидеме тактички дисциплинирани, не се сомневам дека момците поседуваат квалитет кога ќе се стави во функција на тимот, само кога функционираме како тим можеме најмногу“, рече Милевски.

Селекторот ја објасни ситуацијата околу физичката подготовка на играчите, односно колку се подготвени да се носат со овие два предизвици.

„На претходниот собир пред Англија, играчите доааѓаа по завршена напорна сезона, а сега доаѓаат на почеток на сезона и од подготовки. Сега се физички подготвени од претходниот собир, и тоа ми дава надеж дека сега ќе бидеме подобри и на терен“, изјави Милевски.

Се вчитува...