Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски деновиве со работни обврски во турска Анталија каде ги следи настапите на македонските клубови низ подготвителниот период, но и игрите на дел од македонските интернационалци кои со своите клубови се на подготовки во најголемиот турски туристички центар.
Милевски, заедно со техничкиот менаџер на А-репрезентацијата, Зоран Зафиров, изминатиов викенд ги следеа натпреварите на Вардар и на Шкупи во Анталија.
Македонскиот селектор беше специјален гостин на Шкупи на дуелот со полската Полонија Варшава, кој заврши со триумф на Полјаците од 0-2, при што имаше средба и со спортскиот директор на клубот, Ндерим Неџипи како и извршниот директор, Ајкут Туран.
„Како и секоја година ги следиме во Анталија дел од настапите на нашите клубови, фокусирајќи се, меѓу другото, секако и на помладите фудбалерите кои се потенцијал и иднина на македонскиот фудбал“ – вели македонскиот селектор.

Милевски беше гостин и на Вардар на дуелот против грузиската Ибериа, натпревар кој заврши без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

