ЕКИПА во Разград,
Владимир Булатовиќ
Македонската репрезентација во очекуваниот состав ќе им се спротистави на Бугарите во 1. коло од новата сезона во Лигата на нации во Разград.
Селекторот Благоја Милевски, се одлучи на местото на Стефан Ристовски во почетниот тим да биде Стефан Ашковски, а во одбраната ќе бидат и стандардните Алиоски, Велковски и Муслиу.
Ќе се напаѓа со стандарданата досегашна тројка Милан Ристовски, Трајковски и Чурлинов, со поддршка на Елиф Елмас, а дополнето и со Енис Барди и Стефан Спировски во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА