Милевски за (не)реалните очекувања од јавноста: „Ако сте натерале некого да има високи очекувања од вас значи работите добро и квалитетно…!“ (ВИДЕО)

Македонскиот селектор Благоја Милевски со стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на СП 2026, а во очекувања на вечерашниот натпревар против Велс од 20:45 часот во Скопје, гостуваше и на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ со Дарко Панчев“, на кој, меѓу другото, се осврна и на секогаш високите очекувања, некогаш и нереални, од јавноста кога се во прашање во јавноста.

„Ако натерате некого да им одредени високи очекувања од вас, значи работите добро, работите квалитетно и сте покажале квалитет поради кој некој верува во високи дострели. Посебно, во последните две години момците покажаа дека имаат квалитет и со право очекувањата на јавноста растат“ – вели Милевски, притоа осврнувајќи се и на периодот пред настапите во Лигата на нациите кога по трите порази на пријателските натпревари наиде на сериозни критики.

„Да, пред почетокот на Лигата на нациите имаше одредени критики против нас во оној период на подготвителни натпревари кога загубивме три од четири пријателски натпревари. Но, тогаш јас свесно прифаќав предизвик да играме со две репрезентација со учесници на Европското првенство, Хрватска и Чешка. Но, бев свесен дека и покрај поразите, а со Чешка знаеме како загубивме, тоа ќе донесе сериозно искуство, позитивна енергија и самодоверба без разлика на поразите. Јас знаев дека е исправен потег да играме тестови со силни противници како Црна Гора, Хрватска и Чешка и не случајно ги пофалив играчите посебно по натпреварот со Црна Гора иако загубивме 1-0 во Анталија. И некои и одредени колеги мои веднаш се насочија со отровни стрели кон нас зошто сум ја фалел играта после пораз. Да, согласно начинот на кој одиграа и се однесуваа на терен, секогаш ќе ги фалам и утре ако го одиграат она што го барам од нив“ – вели Милевски и дополнува:

„Минатата година можеби ги имавме најтешките 9 месеци од аспект на минутажа на репрезентативците во своите клубови и однос на клубовите кон нив. А, спротивно на сето тоа што им се случуваше во клубовите покажаа извонреден карактер во националниот дрес и стигнаа до шест-седум подобрувања на рекордите на македонскиот репрезентативен фудбал. Сето тоа сега, пак, ми дава за право да бидам оптимист пред овој квалификациски циклус, посебно и поради“.

ДАРКО ПАНЧЕВ: Јавноста мора правилно да ги перцепира работите. Ние не сме Франција!

Токму на оваа тема се надоврза и легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев…

„Публиката и навивачите кои го следат фудбалот многу важно е да ги перцепираат правилно работите. Боби е селектор на репрезентација на Македонија каде има ограничен фонд на квалитетни фудбалери и тешко е секогаш околу изборот. А, замислете селектор на пример на една Франција кој не знае, поради високиот квалитет, кого, пак, да одбере. А, замислете, се случува еве да играме против Франција, публиката да бара и да бидеме подобри од нив. Што не е лошо. Убаво е амбициите, но треба и да сме објективни. Замислете 70% од нашите репрезентативци минатата година не играа стандардно во своите клубови. Знаете ли колкав проблем е тоа за еден тренер? Нему му е поголем проблем да го врати во ‘живот’, во нормала, за да може да пружи во репрезентација максимум. А, колку може во неколку денови сето тоа да се направи. И затоа ова што се вратија Елмас, Барди стандардно во новите клубови, ветува дека повторно може да очекуваме добри резултати“ – истакна Панчев.

КОМПЛЕТНАТА ПРВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...