Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски искажа задоволство од организираниот тренинг-камп во Охрид на кој беа тестирани фудбалери од генерацијата 2000 и помлади на кои ќе се смета за следниот квалификациски циклус.
Во рамките на кампот, избраниците на Милевски одиграа и пријателски натпревар со комбиниран младински состав на Работнички на кој славеа убедливо со 4-0…
„Кампот беше планиран во програмата за работа на младата селекција во 2019 година. Сакавме да видиме со каков потенцијал располагаме за она што следува по крајот на тековните квалификации кои ги играме. На овој собир беа повикани 19-годишни фудбалери и помлади, со исклучок на неколку фудбалери кои влетаа поради повреди и откажувања, за да видиме со што би располагале во следниот квалификациски циклус. Момците добро одговорија прво на тренинзите, а потоа на натпреварот со Работнички и мислам дека сите задоволни заминуваме од Охрид. Играчите покажаа квалитет, но само од нив ќе зависи како ќе напредуваат и дали ќе конкурираат за место во У-21 репрезентацијата во иднина“ – изјави селекторот Благоја Милевски по вчерашниот дуел со Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА