Милијана Релиќ ја потпиша Олимписката стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028

Македонскиот олимписки комитет со големо задоволство информираше дека Милијана Релиќ, учесник на претходните ОИ Париз 2024 и најдобра таеквондистка, денеска свечено го потпиша договорот за Олимписка стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028.

Потпишувањето се одржа во просториите на Македонскиот Олимписки комитет, каде Милијана го официјализираше својот пат кон олимпискиот сон.

„Оваа стипендија е заслужено признание за нејзиниот постојан труд, исклучителен талент и неверојатна посветеност кон таеквондо спортот. Стипендијата ќе ѝ овозможи финансиска и логистичка поддршка во претстојниот четиригодишен циклус, покривајќи ги трошоците за:
– Интензивни тренинзи
– Учество на врвни меѓународни натпревари
– Подготовка со елитни тренери
– Спортска исхрана и рехабилитација
Милијана Релиќ е вистински пример за генерациите и нејзината посветеност е најдобрата мотивација за сите млади спортисти. Македонскиот Олимписки комитет и целата спортска јавност стојат зад неа, верувајќи во нејзиниот успех на ОИ во Лос Анџелес во 2028 година“, велат од Македонскиот олимписки комитет.

Се вчитува...