Милијана Релјиќ бронзена на силен таеквондо турнир

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ викендов освои бронзен медал на Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите.

Во првата борба Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди. Во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко исто така со 2:0 во рунди.

Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила поради повреда ја откажа борбата.

Се вчитува...