Јувентус загуби со 2-1 на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија од Лацио, но е тимот кој оди во финалето и ќе се бори за големиот пехар.
Јувентус имаше многу среќа, затоа што Лацио водеше со 2-0, имаше шанса и за трет гол, но потоа „лацијалите“ беа брутално казнети. Резервистот Аркадиуш Милик со гол намали, и така му донесе финале на својот тим, за спас на очајната сезона.
Катељанос во 12. минута го донесе Лацио во предност, а истиот фудбалер во 49. минута успеа да погоди, и така да ги анулира оние 2-0 од Торино. Меѓутоа Милик само две минути откако беше уфрлен во игра, погоди во голот на домашните, и така и донесе на својата екипа пласман во финалето.
Таму Јувентус ќе игра со подобриот од дуелот Фиорентина – Аталанта. Виолетовите имаат предност од 1-0 пред реваншот кој се игра утре во Бергамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА