Наполи по огромна битка успеа да слави со 0-1 на гостувањето против Калјари, зацврстувајќи се на второто место на табелата во „Серија А“ благодарение на погодокот што Аркадиуш Милик го постигна во судиското продолжение.
Карло Анчелоти реши да експериментира по неуспехот во ЛШ против Ливерпул, оставајќи ги на клупата Мертенс, Инсиње и Калјехон. Ова придонесе „наполитанците“ да играат далеку под своето ниво, па тројцата главни напаѓачи мораа да влезат во игра во второто полувреме. Аркадиуш Милик на дваесетина минути до крајот ја погоди гредата, но кога беше најважно за неговиот тим полскиот голгетер биеше милиметарски прецизно, од слободен удар матирајќи го домашниот голман.
Наполи со оваа победа има 38 бода, осум помалку од лидерот Јувентус и шест повеќе во однос на третопласираниот Интер.
#wloskarobota #Napoli #CagliariNapoli Milik Goal pic.twitter.com/KTcl0s9DSs
— BlackDiv (@kijanarbk) December 16, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

