Српскиот фудбалер и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е пред потпис со англискиот великан Манчестер Јунајтед, откако неговиот агент Матеја Кежман се наоѓа во Англија каде ќе ги договара условите, пренесуваат италијанските медиуми.
Трансферот се очекува да биде во висина од 75 милиони евра, плус 15 милиони бонуси доколку Милинковиќ-Савиќ ги оправда очекувањата во клубот. Должината на договорот се уште не е позната, а се шпекулира дека тој годишно ќе заработува по 5,8 милиони евра.
Српскиот репрезентативец е член на Лацио од 2015 година каде дојде од белгискиот Генк за сума од 18 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА