Лацио славеше со 0-3 на гостувњето кај Фиорентина во натпревар од 24. коло во италијанската Серија А. Откако по првите 45 минути мируваа мрежите, гостите стигнаа до полниот плен во второто полувреме.
Прво Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 52. минута донесе водство од 0-1, додека на о-2 зголеми Чиро Имобиле со гол во 70. минута. Конечните 0-3 за Лацио беа поставени со автоголот на Бираги во 81. минута.
Со овој триумф Лацио го прескокна денешниот противник на табелата и во моментов се наоѓа на седмата позиција со 39 бода. Фиорентина има три помалку на осмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА