Српскиот фудбалски интернационалец, Сергеј Милинквоиќ-Савиќ би можел да се врати во Италија.
Играчот од средниот ред на Ал Хилал се пресели во Саудиска Арабија пред две години, а претходно осум години играше за Лацио. Сепак, неговата дестинација нема да биде Рим, туку Торино.
Според медиумите во Италија, Игор Тудор се пожалил на недостиг на играчи во средниот ред, а раководството на торинскиот клуб во Сергеј гледа идеално решение. Од друга страна, тука е и интересот на поранешниот играч на Војводина и Генк да се врати во Европа.
Така Милинковиќ-Савиќ би станал третиот Србин во тимот на Јувентус покрај Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

