Струга ТЛ вечерва од 21 часот во Подгорица против Будуќност го игра реванш дуелот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Стружани имаат предност од 1-0 по првиот натпревар во Охрид, меѓутоа во таборот на Будуќност веруваат дека може да дојдат до пласман во следната рунда.
„Ова е многу важен натпревар за сите нас во клубот. Сакаме што подолго европско лето и на се откажуваме од тоа“ – истакнува тренерот на Црногорците, Младен Милинковиќ, притоа дополнувајќи:
„И по првиот меч во Охрид реков дека се уште веруваме дека можеме да минеме во следното коло. Јасно е дека мора да постигнеме гол на реваншот како би го израмниле севкупниот резултат. Знаеме дека Струга ТЛ има квалитет, на првиот меч неколку нејзини играчи одиграа на врвно ниво, но ние имаме свои цели од кои не се откажуваме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА