Агенцијата за млади и спорт додели 1 милион денари на Ракометната федерација на Македонија за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија шестото место.
„Го вреднуваме трудот на младинските категории во спортот. Само со дополнителна поддршка може да продолжиме со успешните резултати и привлекување на што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со спорт“, истакнуваат од Агенцијата за млади и спорт.
Директорот Дарко Каевски изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА