Милион причини за хуманост – M0ZZART во текот на 2021 година уште повеќе помогна на заедницата

Преку низа општествено одговорни акции, оваа компанија донираше повеќе од 150.000 евра.

Поддршка за здравствениот систем, хуманитарните организации, спортските тимови, хуманитарните тикети, милион причини за гол… Во текот на целата измината година, компанијата Mozzart и помагаше на заедницата преку низа општествено одговорни акции и донираше повеќе од 150.000 евра, а хуманитарниот караван продолжи и во 2022 година со голем стил – секој гол на ракометарите на ЕП вредеше по 5.000 денари и беа собрани вкупно 350.000 денари за помош во развој на ракометот.

Пред акцијата „Повеќе од гол“, Mozzart донираше пари и за секој гол на Македонија на Светското првенство во фудбал. Два гола – две здруженија кои добија помош, Борка и Дајте крилја…

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа се придружи во акцијата на „комитите“ за спас на Вардар и ја зголеми сумата за секој одигран тикет на црвено-црните. На скопскиот тим му се уплатени вкупно еден милион денари!

Mozzart веќе подолго време им помага и на пониските лиги, преку акцијата „Нови дресови за нови шампиони“, опрема досега добија речиси стотина клубови. Само во 2021 година, вредни пакети пристигнаа до речиси 40 спортски тимови ширум земјата.

Во областа на здравството, продолжија донациите за болниците ширум Македонија: автомобил за Универзитетската Клиника за детски болести, болнички инвентар за Здравствениот дом Тетово наменет за просториите за имунизација од Covid и просториите за итна помош, лекови и медицински материјали за Штипската Клиничка болница, ЕКГ апарати за Општата болница Битола, потрошен материјал, играчки и техника за Специјалниот завод Демир Капија, роло завеси за Градската болница Скопје.

Ги опремивме пунктовите за вакцинација со тотеми за дезинфекција и заштитна опрема за вредните работници кои секојдневно работеа на имунизација на граѓаните. Во текот на целата година се обидовме да пружиме помош во различни области, а особено сме горди што секогаш брзо реагиравме и постапувавме онаму каде што е најпотребно.“ – нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во Mozzart.

Продолжи редовната акција „Хуманитарен тикет“ во која типуваат познати личности, а Mozzart донира средства во хуманитарни цели. Така, техничката опрема пристигна во Основното училиште со ресурсен центар Кочо Рацин и во Домот за доенчиња и мали деца Битола, а помошта од Месецот на хуманоста отиде во Домот за деца без родители.

Годината ја завршивме во духот на празниците, со донација на новогодишни пакетчиња за Правната клиника и телевизори за Детската клиника, а за оваа година планираме уште многу акции, под слоганот – да бидеме општествено одговорни.“ – заклучи Златески.

СПОРТСКИ СПОНЗОРСТВА

Воедно, во 2021 година, Mozzart стана спонзор на РК Еурофарм Пелистер, ФК Шкупи, ФК Академија Пандев и на судиите од кошаркарската федерација. Оваа компанија исто така ги поддржа е-спортистите и бодибилдерите на нивниот пат до медали на светските првенства.

Се вчитува...