Добитните приказни на Државна Видео лотарија на РМ, продолжуваат со несмален интензитет и во месец септември. Најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник е млад човек кој се радува на своето ново семејство, кое во блиска иднина ќе добие проширување. Тој верува дека со убавата добивка вредна 1.648.224,00 денари ќе ги обезбеди сите потребни работи за новиот член на неговото семејство.
Најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник е играч кој сакаше да ја сочува својата приватност од јавноста. Охриѓанецот Д.И. освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка вредна 1.648.224,00 денари. Добивката е освоена на 06.09.2018 во Спорт Лаиф Треид во Охрид. Во просториите на Државна видео лотарија, среќниот добитник ја сподели со нас својата интересна приказна.
Летото ќе го паметиме по две работи, ни изјави нашиот најнов среќен играч кој посака да остане анонимен. Тој за нас, сподели дека ова лето ќе го памети по свадбата, која се случила пред две недели и МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката. Според него оваа добивка сигурно ќе го олесни најубавиот миг на кој се радува целото семејство, приновата која ја очекуваат. Додаде дека е редовен играч, кој често сака да се забавува со игрите на среќа. Во друштво често играат Кено. Сега се одлучил за забава на видео лотариските терминали, но без никакви очекувања за добивки. Ни призна дека не го ни следел терминалот. Токму и затоа бил пријатно изненаден кога МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ сигналот укажал дека тој е најновиот среќен добитник.
Додека го очекуваме најновиот милионер, само да ве потсетиме, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 140 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 207.863.162,00денари. Покрај нив, освоени се и 21.150 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 139.791.272,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА