Се е подготвено за продолжувањето на сезоната во Бундес-лигата, но тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр, се соочи со сериозни проблеми во пресрет на саботното дерби против Шалке.
Двајцата клучни фудбалери за врска, Емре Џан и Алекс Витсел, не успеале да се рехабилитираат од повредите и дефинитивно нема да можат да им помогнат на „милионерите“ на ова регионално дерби.
„Витсел и Џан нема да играат против Шалке. Се очекува шанса во средниот ред на овој натпревар да добијат Дилејни и Брант, како главни организатори на играта на Борусија“, пишува весникот „Кикер“.
Тимот на Борусија Дортмунд на девет кола до крајот на сезонава се наоѓа на второто место во Бундес-лигата, со четири бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА