Борусија Дортмунд не успеа да стигне до триумф на домашен терен против Волфсбург во последниот меч од 18.коло во Бундес-лигата. Најопасниот напаѓач Пјер – Емерик Обамејанг веќе вторпат оваа сезона поради недисциплина беше изоставен од тимот, а без него „милионерите“ не можеа да го пронајдат патот до противничката мрежа.
Младите Ајсак и Санчо имаа свои шанси за Борусија Дортмунд, се придодаде и Јармоленко, но без ефект. Вилијам имаше можност да казни на спротивната страна, но Бурки го спаси својот гол.
По ова реми, Борусија Дортмунд се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Бундес-лигата со 29 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА