Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд без својот напаѓач Пјер – Емерик Обамејанг отпатува за Берлин, каде утревечер ќе го одигра дуелот против Херта во рамките на 19.коло од Бундес-лигата. Тоа уште повеќе ги разгоре страстите околу неговиот можен трансфер во англискиот премиерлигаш Арсенал. Иако раководството на клубот официјално соопшти дека засега нема понуда од Арсенал, сепак, јасно е дека агентот на Габонецот отворено води преговори за тој да се пресели на „Емирати“.
На Островот веќе наголемо се најавува дека Обамејанг ги договорил личните услови и ќе биде најскап фудбалер во историјата на клубот, а и трансферот ќе го надмине досегашниот рекорд на Александре Лаказет. За очекување е Арсенал да плати 60 милиони евра за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА