Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се соочува со проблеми пред стартот на новото првенство во Бундес – лигата. Крилниот напаѓач Андре Шурле нема да биде во тимот во наредните четири седмици поради повреда на бутниот мускул. Тој ќе го пропушти гостувањето на „милионерите“ на стартот против Волфсбург, но и дуелите против Херта на домашен терен, Фрајбург на гости и Келн пред своите гледачи.
Борусија Дортмунд најверојатно ќе остане и без Осман Дембеле, кој побара трансфер во Барселона и одби да тренира со тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА