Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд ги негираше гласините дека напаѓачот Пјер – Емерик Обамејанг ќе направи трансфер во редовите на францускиот првак Пари Сен Жермен. Медиумите од Франција најавија дека интернационалецот од Габон за сума од 79 милиони евра ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ ова лето, но раководството на Борусија Дортмунд вели дека досега нема ниту една официјална понуда за Обамејанг.
„Морам јавно да истакнам дека досега во Борусија Дортмунд нема пристигнато ниту една понуда за Обамејанг. Тој има договор со клубот до 2020 година и е еден од нашите најдобри фудбалери. Дури и да пристигнат официјални понуди, многу добро ќе размислиме дали ќе го продадеме“, изјави спортскиот директор Михаел Цорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА