„Милионерите“ го купуваат Ињаки Вилијамс

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд сака да го купи Ињаки Вилијамс, крилниот играч на Атлетик Билбао, кој треба да биде замена за Осман Дембеле. За Французинот сериозен интерес покажува Барселона, па иако „милионерите“ одредија отштета од 150 милиони евра, за очекување е да ја намалат оваа сума при завршните преговори.

Тренерот на Борусија Дортмунд, Питер Бош, сака да добие играч од сличен калибар, и изборот падна на Ињаки Вилијамс. Неговата клаузула во договорот со Атлетик Билбао, кој има важност до 2021 година, изнесува 50 милиони евра, што нема да биде проблем за „милионерите“ доколку претходно го договорат заминувањето на Осман Дембеле на „Камп Ноу“.

 

Се вчитува...