Борусија Дортмунд делува незапирливо во Бундес-лигата оваа сезона. „Милионерите“ стигнаа до 12.победа совладувајќи го Вердер на домашен терен со 3-1. По ова, тимот се наоѓа на првата позиција на табелата во германскиот шампионат со 39 бода, девет повеќе од Борусија Менхенгладбах и од Баерн Минхен.
Пако Алкасер во 20.минута донесе предност за домашниот состав, а седум минути подоцна Марко Ројс зголеми на 2-0. Макс Крусе намали во 35.минута, но Борусија Дортмунд стигна до нови три бода, а победата ја завери Марио Геце во судиското продолжение од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА