„Милионерите“ го решија Лајпциг, Халанд се врати на старите навики (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 1-3 на гостувањето против фаворизираниот Лајпциг во дербито на 15. коло во Бундеслигата.

Првиот гол го постигна Џејдон Санчо во 55. минута, а во 72. минута Ерлинг Халанд погоди со глава за 0-2, а потоа Халанд во 84. минута зголеми на 0-3. Домашните во самиот финиш само го ублажија поразот.

Норвежанецот се врати на старите навики по повредата, со најновите два гола запишувајќи досега 12 гола во Бундеслигата сезонава.

Се вчитува...