Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва во реваншот од осминафиналниот двомеч против ПСВ Ајндховен славеше на домашен терен со 2-0.
Откако првиот натпревар одигран во Холандија заврши без победник 1-1, вечерва херој за „милионерите“ беше повратникот во тимот Џејдон Санчо кој уште во 3. минута се запиша во листата на стрелци и донесе предност од 1-0.
Домаќините постигнаа погодок за 2-0 во 77. минута преку Фулкруг, но тој по проверка на ВАР беше поништен поради офсајд. Сепак, на крајот избраниците на Терзиќ стигнаа до втор гол преку Марко Ројс во 95. минута.
Borussia Dortmund [1] – 0 PSV Eindhoven – Jadon Sancho 3’ [2 – 1 on agg.]
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА