Холандскиот фудбалер Иан Матсен е нов фудбалер на Астон Вила. Овој фудбалер кој настапуваше како позајмен во Борусија Дортмунд минатата сезона, и пружи одлични партии стигнувајќи со тимот до финалето во Лигата на шампионите, се реши да остане во Англија.
И покрај желбата да остане во Дортмунд со перманентен договор, сепак, „милионерите“ не се договорија со Челси околу бараната сума, па Астон Вила го искористи тоа да го „украде“ Холанѓанецот.
Матсен не ја доби вистинската шанса во Челси, и цело време беше позајмуван во Чарлтон, Ковентри и Барнли. Тој доби шанса да настапи за Холандија на ЕП 2024 откако доби дополнителен повик од селекторот Куман после повредите на двајца играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА