Борусија Дортмунд беше на прагот на триумф на гости во Франкфурт против Ајнтрахт, но дозволи по водство од 0-2 да прими два гола, па „милионерите“ мораа да се задоволат со реми. Тоа го искористи Лајпциг, кој со триумфот над Штутгарт од 1-0 се доближи само на бод негатива во однос на лидерот.
Нури Шахин и Максимилијан Филип донесоа водство за Борусија Дортмунд, но во вториот дел возврати Ајнтрахт Франкфурт со головите на Халер од пенал и на Волф.
Лајпциг славеше минимално со погодокот на Сабицер, а Баер Леверкузен со пет гола во второто полувреме ја торпердираше на гости Борусија Менхенгладбах. Бендер, Баили, Брант, Фоланд и Похјанпало беа стрелци за „фармацевтите“, откако домаќинот прв поведе во првиот дел, со голот на Фабијан Џонсон.
Резултати Германија: Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен 1-5, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 2-2, Аугсбург – Хановер 1-2, Лајпциг – Штутгарт 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА