„Милионерите“ од готово вересија: Имаа 1-3 со Сент Паули, а тогаш (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд не успеаја да ја стартуваат новата сезона во домашниот шампионат откако вечерва прокоцкаа победа на гостувањето кај Сент Паули (3-3) во меч од 1. коло од Бундеслигата.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Гираси во 34. минута. До крајот на првиот дел истиот фудбалер не реализираше пенал. Домаќините израмнија на 1-1 преку Хоунтоџи во 50. минута. Ново водство за „милионерите“ донесе Антон во 67. минута, додека на 1-3 зголеми Брандт во 74. минута. Голема глупост направи Филипо Мане кој доби директен црвен картон откако направи пенал кој успешно го реализираше Синани за 2-3. Конечните 3-3 беа дело на Ерик Смит во 89. минута.

St. Pauli [3]-3 Borussia Dortmund – Eric Smith 89'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...