Фудбалерите на Борусија Дортмунд повторно прокоцкаа бодови во домашниот шампионат откако вечерва одиграа само реми на домашен терен против Мајнц (1-1) во меч од 16. коло во Бундеслигата.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Жулијан Брандт во 29. минута. Конечните 1-1 ги постави Ван ден Берг во 43. минута.
„Милионерите“ во последните шест натпревари во германското првенство имаат само една победа.
Во вториот меч од вечерната понуда во голеада Хофенхајм и Дармштад одиграа 3-3.
Borussia Dortmund 1-[1] Mainz – Sepp van den Berg 43'
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

