Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд подготвува нов договор за германскиот репрезентативец Марко Ројс. Тој неодамна се врати на терените по пауза од цели 259 дена и покажа дека не заборавил да игра фудбал, постигнувајќи два гола за „милионерите“.
Ројс ја пропушти првата половина од сезоната, а за него веќе подолг интерес покажува Јирген Клоп, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, кој сега е менаџер на Ливерпул.
„Задржувањето на Марко Ројс во нашиот тим е еден од приоритетите на Борусија Дортмунд. Набрзо ќе започнеме со преговори за продолжување на соработката, а досега имавме целосно разбирање зошто Марко не сакаше да разговара на оваа тема додека се опоравуваше од повреда”, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА