Борусија Дортмунд ремизираше на домашен терен против Вердер играјќи 2-2. Тоа е второ последовно реми за „милионерите“ откако со идентичен резултат заврши и претходниот нивен меч против Ајнтрахт Франкфурт.
Рашица ги доведе гостите во водство во седмата минута, но Марио Геце израмни само две минути подоцна. Пред крајот на првото полувреме, Марко Ројс во 41.минута донесе предност за Борусија Дортмунд, но Марко Фридл обезбеди бод за Вердер на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА