„Милионерите“ се извлекоа од пораз од Аугсбург (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд киксираше на гостувањето против Аугсбург во 14. коло од Бундеслигата, ремизирајќи 1-1.

Домашните до предност дојдоа со голот на Демировиќ во 23. минута од натпреварот.

„Милионерите“ успеаја барем да избегнат пораз со голот на Мален во 35. минута.

Во останатите натпревари Бохум убедливо славеше против Унион Берлин со 3-0, Волфсбург со 0-1 триумфираше на гости против Дармштад а Хајденхеим со истиот резултат го победи на гости Мајнц.

Се вчитува...