Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е во потрага по нов напаѓач, со оглед дека ова лето може да остане без Пјер – Емерик Обамејанг. Но, раководството на „милионерите“ веќе има потенцијален наследник, и тоа чешкото чудо од Сампдорија, Патрик Шик. Младиот 21-годишен напаѓач имаше одлична сезона во дресот на Сампдорија, постигна 13 голови на 34 натпревари во Серија А, и го привлече кон себе вниманието на големите клубови.
Борусија Дортмунд е подготвена да плати 25 милиони евра за услугите на Шик, но во трката се и Арсенал, Тотенхем и италијанскиот првак Јувентус. Сампдорија би заработила одлично доколку се реши да го продаде, затоа што го купи за само 4 милиони евра од Спарта Прага минатото лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА