Борусија Дортмунд во неверојатен меч славеше на „Сигнал Идуна парк“ со 4-3 против Вердер и го освои третото место во Бундес-лигата, кое води директно во Лигата на шампионите. Хофенхајм одигра без голови против Аугсбург дома и ќе мора да се задоволи со квалификации за ЛШ.
Во меч со многу пресврти, „милионерите“ славеа со два пенали во финишот, кои ги реализираа Ројс и Обамејанг. За Обамејанг тоа беше и 31.гол во сезоната, со што ја освои „Златната копачка“, за еден гол повеќе од Роберт Левандовски.
Баерн Минхен со триумф од 4-1 против Фрајбург им кажа збогум на Филип Лам и на Чаби Алонсо, кои го одиграа последниот меч во кариерата.
Келн со 2-0 го совлада Мајнц и се пласираше во Лигата на Европа. Од Бундес-лигата испаднаа Дармштад и Инголштад, а Волфсбург ќе игра бараж за опстанок во елитата.
Резултати Германија: Борусија М. – Дармштад 2-2, Баерн Минхен – Фрајбург 4-1, Борусија Дортмунд – Вердер 4-3, Ајнтрахт Ф. – Лајпциг 2-2, Келн – Мајнц 2-0, Хамбургер – Волфсбург 2-1, Херта – Баер Леверкузен 2-6, Хофенхајм – Аугсбург 0-0, Инголштад – Шалке 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА