Фудбалерите на Борусија Дортмунд дојдоа и до деветтата победа во 15. коло од Бундеслигата, триумфирајќи со 2-0 пред своите навивачи против Менхенгладбах.
„Милионерите“ заслужено дојдоа до трите бода со два гола, еден на почетокот и еден на самиот крај од мечот.
Стрелец на водечкиот гол беше Брандт уште во 10. минута од средбата.
Победата беше заокружена со погодокот на Бејер буквално во последните секунди од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

