Борусија Дортмунд беше убедлива во дербито против Баер Леверкузен, совладувајќи го ривалот со 6-2. Баерн Минхен исто така беше сигурен на гостувањето против Келн (0-3), а и Хофенхајм одигра одличен меч против Инголштад и славеше со 5-2.
Дембеле и Обамејанг ги доведоа „милионерите“ во водство од 2-0 по првиот дел, но на самиот старт на второто полувреме намали Воланд. Сепак, Борусија Дортмунд продолжи во голгетерски ритам и Обамејанг, Пулишиќ, Шурле од пенал и Гереиро донесоа убедлив триумф, а вториот гол за Баер Леверкузен беше дело на Вендел.
Баерн Минхен победи со 0-3 на гостувањето кај Келн. Хави Мартинез го отвори резултатот, Бернат на стартот на второто полувреме зголеми на 0-2, а Франк Рибери во завршницата стави точка на триумфот.
Javi Martinez Goal HD – FC Koln 0-1 Bayern… by livescoreInJuan Bernat GOAL HD – FC Koln 0-2 Bayern Munich… by RussellLermanFranck Ribéry Goal HD – Cologne 0-3 Bayern… by timefootball
Резултати Германија: Мајнц – Волфсбург 1-1, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 6-2, Келн – Баерн Минхен 0-3, Хофенхајм – Инголштад 5-2, Вердер – Дармштад 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА