Борусија Дортмунд се соочува со големи проблеми во нападот, откако новото засилување на тимот Серху Гирасу е повреден и ќе го пропушти стартот во Бундеслигата. Гирасu дојде од Штутгарт како засилување во нападот, но нема да се стави на располагање на новиот тренер Нури Шахин за стартот од германското првенство.
Прогнозите се дека Гирасу ќе ги пропушти првите четири кола од Бундеслигата, односно дека би требало да се врати на терените некаде околу средината на септември.
Шахин ќе се соочи со дополнителни проблеми во напаѓачките редови, ако се има во предвид дека Никлас Филкруг го напушти тимот, а пред заминување е и Јусуфа Мукоко. Тој на располагање ќе има само еден напаѓач. Станува збор за Себастијан Халер, ама и тој е на излезна врата, и ако има некоја добра понуда, може да биде продаден.
Се шпекулира дека во Борусија ќе дојде Максимилијан Баер од Хофенхајм, па ако се случи овој трансфер, нема да биде изненадување доколку тој биде „фрлен во оган“ уште на стартот од новото првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

