„Милионерите“ во јануари ќе се засилуваат од Челси

Борусија Дортмунд планира да се засили во јануарскиот преоден рок. Прв пик е играчот на Челси, Хаким Зијех кој не добива минутажа во тимот на „сините“, па би можел да биде идеален за да го потполни местото на крилните позиции.

Зијех не е задоволен од статусот откако стигна како засилување од Ајакс, но се помалку добива шанси за настап.

Втор на листата е стоперот Маланг Сар. Сар дојде во Челси од Ница, беше и на позајмица во Порто, а има само еден настап за лондонскиот тим, и се помалата минутажа може да го испрати во Дортмунд. И Зијех, и Сар би дошле како позајмени до крајот на сезоната.

Се вчитува...