Џулијан Вајгл си замина од Борусија Дортмунд, но повремениот германски репрезентативец изненади со изборот на новиот клуб, потпишувајќи за Бенфика иако за неговите услуги се интересираа неколку врвни екипи ширум Европа.
Пеп Гвардиола во овој Германец гледаше идеален наследник на Фернандињо, ПСЖ во текот на летото инсистираше на трансферот на Вајгл, но истиот пропадна во последен момент, а и Оле Гунар Солскјер ја разгледуваше можноста за ангажман на овој играч за врска. Вајгл сепак ја почна сезоната во дресот на Борусија, но набрзо потоа побара да му биде дозволено да ги промени клупските бои, инсистирајќи токму на трансфер во Бенфика.
„Милионерите“ седнаа на маса со португалскиот гигант и експресно се договорија за отштета од 20 милиони евра, плус процент од следниот трансфер на фудбалерот.
„Вајгл дојде, разговаравме и кажа дека сака да си замине. Не сакавме да му стоиме на патот, ја најдовме најдобрата опција за сите страни“ – истакна директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА