Милиони луѓе се простуваат од најголемиот во родната Аргентина (ВИДЕО)

Милиони луѓе од секое место во Аргентина се простуваат од својот идол, од најдобриот на сите времиња Диего Армандо Марадона. Неговото тело е поставено во главниот град Буенос Аирес, каде секој фудбалски вљубеник ќе може лично да се прости од Дон Диего. И покрај пандемијата од коронавирусот долги редици се чекаат пред претседателската палата каде што е поставено неговото тело, како би му се дала последна чест на човекот кој остави голема трага во фудбалскиот свет.

 

Се вчитува...