Едер Милитао се повреди при настапот за бразилската репрезентација и веднаш се врати назад во Мадрид, каде врз него беа извршени детални лекарски прегледи. Резултатите покажаа истегнување на мускулот што за среќа не е премногу сериозно, па се очекува бразилскиот дефанзивец да му биде на располагање на тренерот Алонсо за 15 до 20 дена.
Како што информираат мадридските медиуми, Милитао ќе пропушти четири средби на Реал, сите на гостински терен, против екипите на Елче, Олимпијакос, Џирона и Атлетик Билбао.
Доколку нема нови компликации Бразилецот би требало да добие минутажа на мечот со Селта, а целта е тој да биде максимално подготвен за дербито на Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, меч закажан за 10 декември.
Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со три бода предност во однос на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

