Победничката серија на Реал Мадрид продолжи и на средбата против Атлетик Билбао на која „кралскиот клуб“ забележа победа од 2-0 со головите на Родриго. A, овој натпревар го одбележа и враќањето на Едер Милитао кој по седум месеци од тешката повреда ги доби првите минути од тренерот Карло Анчелоти.
Бразилскиот стопер заработи повреда во првото соочување со овој ривал па по долгата рехабилитација и громогласниот аплауз кој го доби на „Сантијаго Бернабеу“ се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака.
„Поминаа повеќе од седум месеци надвор од теренот. Многу борба, многу посветеност и многу верба! Би сакал да му се заблагодарам на целото мое семејство, пријатели, соиграчи и особено на техничкиот персонал на клубот за сета поддршка во овој период.
Да се игра пак на Бернабеу со сета поддршка од навивачите беше возбудливо! Сега целосен фокус на последниот дел од сезоната! Хала Мадрид“, објави Милитао на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА