Миливојевиќ: Џака и Шаќири, смешни ви се приказните за патриотизам…

Србија тргна победнички на мундијалот, Швајцарија во првото коло ремизираше со фаворитот Бразил, па уште повеќе добива на тежина нивниот меѓусебен дуел (петок, 20 часот) кој најверојатно ќе биде решавачки за пласманот во осминафиналето. Дел од швајцарските репрезентативци предводени од Џака и од Шаќири во изминатиот период уфрлуваа политика во своите коментари, барајќи мотив повеќе за дуелот со Србија, но фудбалерите на нашиот северен сосед на сакаат да навлегуваат во такви полемики.

Тие ќе дадат се од себе, но истото ќе го сториме и ние. Не знам што би рекол за тие нефудбалските работи и нивните коментари, би бил наивен кога би наседнал. Мене лично тоа ми е смешно, ако Џака и Шаќири се толкави патриоти, зошто не играат за таа земја што толку ја сакаат. Затоа, смешни ми се тие приказни за патриотизам“ – изјавува Лука Миливојевиќ.

Одличниот играч за врска, кој настапува за Кристал палас, има високо мислење за наредниот противник на овој мундијал.

„Го гледавме нивниот меч со Бразил, јасно е дека се добра репрезентација, поквалитетни се од Костарика. Играат во добри клубови, но се ќе зависи од нас и нашиот пристап. Ќе бидеме фокусирани на она што ние ќе го прикажеме на теренот, бидејќи ако сме во вистинско светло можеме да ги победиме“ – оптимист е Миливојевиќ.

 

Се вчитува...