Милјардерката ја заврши бајката (ВИДЕО)

Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Мајами.

Четврторангираната светска тенисерка се мачеше да го преброди најпријатното изненадување на турнирот, Александра Ијала, по три сета (2-1) и два и пол часа игра, триумфирајќи на крај со 7-6(3), 5-7, 6-3.

Младата тенисерка од Филипини на крајот немаше сили да приреди уште едно изненадување по Јелена Остапенко, Медисон Кис, Паула Бадоса (отказ) и Ига Швјонтек.

На новата ВТА ранг листа, Ијала ќе се пробие во Топ 100 (околу 75. место) и со тоа ќе стане првата тенисерка од Филипините во елитно друштво.

По триумфот над три Грендслем шампиони, впечатокот е дека на 19-годишната Ијала и недостасуваше само искуство за да дојде до нова победа.

Пегула во финалето ќе игра против Арина Сабаленка, која беше подобра од Јасмин Паолини. Финалето се игра во сабота (29 март). Наградниот фонд на турнирот во Мајами е 8.963.700 долари.

Се вчитува...