Милко Ѓуровски во свој стил: Да бев јас на местото на Тадиќ немаше ни да влезам во игра!

Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Партизан и Црвена Звезда, Милко Ѓуровски во свој стил го оправдува револтот на капитенот на Србија, Душан Тадиќ од натпреварот со Англија.

Тадиќ искажа незадоволство по мечот поради одлуката на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси да го остави на клупата на почетокот од мечот, како што рече Пикси поради тактички причини. Па, Милко Ѓуровски смета дека Тадиќ дури бил и премногу фин.

„Тој е капитен, рече само дека би сакал да игра од почетокот и дека ја почитува одлуката. Не кажа дека е лут или дека нема повеќе да игра. Јас, на пример, после такво нешто не би ни влегол во игра, таков карактер сум. Душан е мирно, фино момче, само го кажа тоа што му лежи на душа, тоа го знае и Пикси. Мене, кога тренер ќе ме оставеше на клупа, навивав мојот тим да изгуби“ – вели Милко Ѓуровски за „Моцартспорт“.

Како што е познато, Тадиќ се извини за својата изјава па се очекува утре да биде стартер на натпреварот против Словенија.

Се вчитува...