Милков е нов тренер на Беласица

Ване Милков е изборот на управата на Беласица за нов тренер на струмичкиот клуб, кој во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – исток.

„Во изминатите четири години, Милков беше тренер во младинската школа на ФК Беласица, каде оствари низа успешни резултати. Гледајќи ја неговата амбициозност и посветеност кон оваа работа во изминатиот период, сметаме дека Ване во моментов е идеално решение за тренерската позиција,како и за продолжување на нашата клупска стратегија, промовирање на фудбалери од младинскиот погон во првиот тим“ – објавија од раководството на Беласица.

Амбициите на струмичкиот клуб се повеќе од јасни – експресно враќање во елитното друштво на мак-фудбалот.

Се вчитува...