Ливерпул е во финалето на Лигата на шампионите. Сосема заслужено, иако Рома дојде блиску, на само еден гол негатива, во завршницата од реваншот на „Олимпико“, кој заврши со триумф на италијанскиот тим од 4-2. Искусниот играч за врска на Ливерпул, Џејмс Милнер, кој си постигна автогол во првото полувреме од вечерашната пресметка, вели дека неговиот тим успеал да ја комплетира мисијата за која и дојде во Рим.
„Ова вечерва беше класично одработување на задачата. Ја завршивме работата, затоа и дојдовме во Рим. Одиме во Киев и тоа е најважно, ќе играме во големото финале. Победивме неколку навистина квалитетни тимови на нашиот пат до Киев. Секако, треба да подобриме многу сегменти во играта, но ќе работиме на тоа во наредниот период. Првиот гол на Рома беше смешен, топката ме удри во телото и заврши во мрежата“, изјави Џејмс Милнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА